Во Туркменистан нема коронавирус – и натаму тврди претседателот, Гурбангули Бердимухамедов

Од:

Во Туркменистан не е регистриран ниту еден случај на заразен со коронавирусот од почетокот на пандемијата, изјави денеска претседателот на таа централноазиска држава, во ретко интервју за странски медиуми.

„Благодарение на работата што ја завршивме“, Туркменистан нема случај на таа болест, изјави Гурбангули Бердимухамедов во интервју за рускиот ТВ канал Мир.

Туркменистан е една од ретките земји во светот, заедно со Северна Кореја, кои за цело времетраење на пандемијата, упорно тврдат дека на нивна територија нема случаи на коронавирус.

Сепак, дури во април Туркменистан започна да ги олеснува мерките против коронавирусот со повторно отворање на рестораните и џамиите. Возовите повторно сообраќаат, но авионскиот сообраќај сѐ уште се во прекин.

Бердимухамедов изјави дека неговата држава располага со две руски вакцини – ЕпиВакКорона и Спутник В.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Во Туркменистан се гради нов град: Чини 4,5 милијарди евра, ќе го носи името на лидерот