Во Турција загинаа речиси 41.000 луѓе, се пребарува само уште на две места

Од:

Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Турција се искачи на речиси 41.000, објави Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), бидејќи операциите за потрага по преживеани завршуваат и ќе продолжат во само две провинции.

Потрагата и спасувањето во деветте провинции погодени од земјотресот завршува, изјави директорот на АФАД Јунус Сезер.

„Тие продолжуваат во провинциите Кахраманмарас и Хатај, на околу четириесет згради“, изјави Сезер за новинарите.

Повеќе од 1,2 милиони луѓе се евакуирани од југоисточна Турција, погодена од најсмртоносната катастрофа во поновата историја на земјата. Повеќе од еден милион луѓе се во засолништа во овие провинции, рече Сезер, пренесува агенцијата АФП.

Во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го опустоши југот на Турција и Сирија загинаа 40.689 лица во Турција, покажуваат најновите информации на АФАД. Турскиот заменик-претседател Фуат Октај објави дека 105.000 згради се урнале или се сериозно оштетени и ќе бидат урнати.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски