Во Турција сега се плашат од зарази, спасувач предупреди на ужасната состојба на теренот

Од:

Спасувач кој работи во област погодена од земјотресите во Турција, предупреди дека луѓето „ќе умираат од инфекции“ откако во потресите била уништена основната здравствена инфраструктура на Турција, пренесува Sky News.

Во подрачјата погодени од земјотресите се испратени вакцини против беснило и тетанус, изјави Фахретин Коча, министер за здравство. За време на викендот таму почнаа да работат мобилните аптеки, вели министерот, но преживеаните се плашат од болеста.

Спасувач во зоната на земјотресот отворено ги кажа ризиците.

„Ако луѓето не умрат овде под урнатините, ќе умрат од повреди. Ако не од тоа, ќе умрат од инфекција“, рече Гизем, кој се наоѓа во југоисточната провинција Шанлиурфа.

„Тука нема тоалети. Тоа е голем проблем“, рече тој.

Проблемот најверојатно ќе се интензивира во Сирија, а Светската здравствена организација вчера соопшти дека сирискиот здравствен систем е речиси целосно уништен од повеќегодишната граѓанска војна.

Директорот на организацијата, Тедрос Аданом Гебрејесус, вчера изјави: „Кризите на конфликт, ковид, колера, економски пад и сега земјотресите земаа неподнослив данок“.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски