Во Турција ризик од појава на кисели дождови поради активности на ИД во Мосул

Од:

Во Турција постои ризик од појава на кисели дождови поради тоа што борците од Исламска држава опожариле хемиска фабрика во Мосул, јави ТАСС.

Борците од ИД запалиле фабрика за производство на сулфур во јужен Мосул, поради што во атмосферата со чадот се шири и сулфур диоксид.

Во прогнозата за динамиката на временските промени во регионот, објавена од НАСА се гледа дека има ризик од формирање на дождовни облаци над југоисточна Турција. Тие облаци може да носат кисели дождови.

Кисели дождови може да има во турските окрузи Мардин, Шарнак и Хакари. Турското Министерство за здравство ги предупреди граѓаните за опасноста и повика за преземање мерки за претпазливост.

Локалните жителите се повикани денеска да не излегуваат надвор во случај на врнежи.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он