Во Турција револт поради бавната реакција на властите: Во некои место спасувачите пристигнаа по 12 часа

Од:

ВО Турција граѓаните се се полути поради, како што велат, поради бавната и неадекватна реакција на властите на разорниот земјотрес што во понеделникот ја погоди и соседната Сирија, а во кој досега загинаа над 8.000 луѓе. Спасувачите ги пребаруваа урнатините во текот на ноќта, им отежнува големиот студ, уништените патишта и лошата инфраструктура.

Турскиот претседател Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 провинции. Но, некои жители на градовите погодени од земјотресот изразија гнев и очај поради бавниот одговор на властите на најсмртоносниот земјотрес што ја погоди Турција во последните децении.

„Овде нема ниту еден човек, никој не помага. Снег врне, бездомници сме, без ништо. Што да правам, каде да одам“, изјави за Ројтерс Мурат Алинак, чиј дом се урна во Малатја.

Жителите на градот Газиантеп наведуваат дека 12 часа по земјотресот не пристигнала ниту една спасувачка екипа и дека морале сами да ги пребаруваат урнатините. Кога спасувачите конечно дошле во понеделникот вечерта, работеле само неколку часа, а потоа паднала ноќта, пишува The Guardian.

Многу Турци го искажаа својот гнев на интернет поради, како што рекоа, неадекватниот одговор на вонредната состојба во најјужната провинција Хатај, при што многумина се пожалија дека спасувачите не можеле да стигнат до областа. Во Хатај, земјотресот срамни со земја неколку владини згради, вклучително и локалниот огранок на турската агенција за помош при катастрофи, АФАД.

Мурат Харун Онгорен, координатор на АКУТ, најголемата турска граѓанска организација за помош и спасување, рече дека студеното време, мразот и големината на погодената област го отежнуваат процесот на спасување. „Ние често ги дефинираме големите земјотреси како катастрофи. Ова е повеќе од земјотрес, ова е навистина катастрофа“, рече тој.

Онгорен додава дека тие се заробени под урнатините и секој час се во се поголема опасност и дека се работи за многу поголем број урнати згради отколку што покажуваат официјалните податоци досега. „Кога ќе се земат предвид отежнувачките услови и бројот на урнати згради, јасно е дека се работи за многу тешка спасувачка акција“, вели координаторот на АКУТ.

„Сега е трка со времето. Секоја минута, секој час што минува, се намалуваат шансите некој да преживее под урнатините“, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски