Речиси осум илјади згради треба да се урнат по земјотресот во 10 погодени турски провинции, објави Министерството за урбан развој и животна средина по проценката на повеќе од 132 илјади згради.
„Досега проверивме 132.898 објекти во 10 провинции… од кои 7.584 се урнати или треба итно да се урнат, а 12.617 објекти се неупотребливи за живеење поради оштетувања“, велат од Министерството.