Во Турција 48 лица се уапсени за грабежи во областите погодени од земјотресот

Од:

Најмалку 48 лица се уапсени за грабежи во осум провинции погодени од земјотресот што во понеделникот се случи во јужниот дел на Турција, јавува денеска Anadolu Agency.

Осомничените беа приведени како дел од истрагата за грабеж извршен по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер, во кој загинаа повеќе од 25.000 луѓе во Турција и Сирија, додава Анадолија.

Локалните медиуми претходно денеска објавија дека десетина луѓе од градежната индустрија биле уапсени откако неколку илјади згради се урнале во земјотресот.

Турското Министерство за правда им нареди на обвинителите во провинциите погодени од земјотресот да отворат „канцеларии за истрага на злосторствата поврзани со земјотресот“.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски