Во торнадо во Бангладеш загинаа над 20 лица, 300 повредени

Од:

Во налет на силно торнадо, кој опустоши десетина села во источниот дел на Бангладеш, загинаа најмалку 20 лица, а повредени се повеќе од 300 жители, соопштија локалните власти.

Торнадото носеше покриви, откорнуваше дрвја и столбови за електрична енергија. Бројот на загинатите би можел многу да се зголеми по новите информации за тројно повеќе повредени во округот Брахманбари, на околу 100 километри југоисточно од Дака, откако синоќа, по локално време го зафати невремето.

Повеќе од 500 домови претрпеле материјална штета, а спасувачките тимови се упатени во областа каде бројни возила се демолирани и затворени голем број делници од автопатот и елезничката пруга.

Меѓу оштетените згради е и затворот на Брахманбари, кој делумно е урнат и усмртени се неколку чувари, но управата соопшти дека сите затвореници останале во објектот и се безбедни.

Би можело да ве интересира

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска