Во Техеран одржан собир за поддршка на Влада

Од:

Повеќе илјади луѓе денеска излегоа на улиците на Техеран во знак на поддршка на иранската Влада на кој командантот на Иранската револуционерна гарда, генерал Хусеин Салами ги обвини САД, Саудиска Арабија и Израел за поттикнување насилни протести против Владата.

– Покажавме воздржаност, покажавме трпение кон непријателските чекори на Америка, ционистичкиот режим (Израел) и Саудиска Арабија против Исламската Република Иран…но ние ќе ги уништиме ако ги преминат нашите црвени линии, предупреди Салами во говорот пред поддржувачите на плоштадот Револуција.

На телевизиските снимки се гледаат како владините поддржувачи извикуваат слогани „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“.

Потпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусави им препорача на странските земји да го погледнат денешниот собир и да видат кои се „вистински луѓе во Иран и што кажуваат тие“.

Протестите во Иран почнаа во средината на месецов поради зголемувањето на цените на горивото и трошоците за живот, но демонстрантите наскоро бараа смена на Владата, која ја сметаат за корумпирана. Демонстрациите повремено прераснаа во насилство, но има различни информации за бројот на загинати.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел