Во Техеран демонстрации за заштита на правото на Иран да има нуклеарна енергија

Од:

Во главниоот град на Иран, Техеран се одржаа демонстрации за заштита на правото на земјата да има нуклеарна енергија.

Демонстрантите побараа да не се прават никакви отстапки во преговорите во Виена меѓу Техеран и шесторката за иранската нуклеарна програма.

Демонстрациите беа дозволени од иранските власти. Тие се одржаа во реонот на експерименталниот рекатор за медицински цели во Техеран. Пред се учествуваа студенти, кои носеа транспаренти на кои пишуваше „Нуклеарната енергија е наше апсолутно право“, „Нема запирање на патот кон прогресот“ и „Санкциите кон Иран немаат ефект“.

Претходно, неименуван дипломатски извор изјави дека Иран и шесторката се откажале во ова етапа од разработување на сеопфатен договор поради недоволно време за усогласување на сите детали и оти подготвуваат само политички документ.

Тој тврди дека проектот за сеопфатно решение, што утре требаше да биде завршен, е обемен и има околу 50 страници.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел