Во светот секоја година поради ниското ниво на раѓање и абортуси 700.000 деца помалку

Од:

Секоја година во светот има 700.000 деца помалку заради ниското ниво на породување и абортусите, изјави директорот за информирање во Светскиот конгрес на семејствата, Дон Федер на меѓународна конферецнија во Белград.

Тој нагласи дека во моментот децата во светот се шест милиони помалку во споредба со 1990 година и тоа е само „почеток на катастрофата“.

Според ОН, во 2050 година бројот на деца ќе биде за 240 милиони помалку отколку сега.

– Тоа е резултат на катастрофални идеи, односи и политика кои западни држави ги водат од крајот на Првата светска војна – култ кон индивидуализмот и егоизам, што води и кон неодговорност спрема општеството, нагласи Федер.

Важен фактор, според него, е и се поголемата популарност на контрацептивните средства.

Според ОН, секоја втора жена во светот зема контрацептивни средства. Освен тоа во светот има околу 42 милиона абортуси секоја година што е колку и бројот на населението во Шпанија, наведува тој.

Би можело да ве интересира

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа