Во Средоземното Море исчезнале 245 мигранти

Од:

Обединетите нации соопштија дека во Средоземното Море во изминатите два дена, исчезнале 245 луѓе откако потонале два чамци.

Портпаролка н УНХЦР изјави дека од почетокот на годината загинале повеќе до 1.300 луѓе кои преку Медитеранот се обиделе да сигнат во Европа.

Сесил Пуји изјави дека во петокот во близина на Сицилија потонал гумен чамец и притоа исчезнале 82 лица додека 50 се спасени.

Таа додаде дека уште еден чамец во неделата од Либија потонал и исчезнале 163 лица. Либиската крајбрежна стража спасила седум луѓе. Пуји вели дека се загрижени за животите на 245 мигранти.

Од почетокот на годината до 7 мај околу 50.000 мигранти преку Средоземното Море пристигнале во Европа. Лани таа цифра била 187.569.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто