Апелациониот суд во Сингапур денеска објави дека третирањето на секс меѓу лица од ист пол е криминален чин за кој следува затворска казна и дека нема основа обвинетите да бараат ослободување на основа на уставните определби за слободи на личноста. Конечниот став на овој суд е соопштен по жалбите на двајца сингапурци, фатени во извршување на орален секс во тоалет.
Двајцата мажи на кои им се суди поради недозволениот чин и уште еден постар жител на Сингапур побараа да не им се суди за тоа што го правеле, прогласувајќи го судењето за геј дружењето за дискриминација. Меѓутпа, на ваквите случаи во Сингапур ќе им се суди, сеедно дали тоа се прави на јавни места, или во приватните домови. Според законот, обвинетите ги чека затворска казна која не може да биде помала од 2 години.