Во Сингапур се потврдени 728 новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на заболени се искачи на 4.427 луѓе, соопшти денеска сингапурското Министерство за здравство.
Од новозаразените 654 се работници мигранти, кои се заразиле со новиот коронавирус во пренатрупаните соби за спиење.
Денешното зголемување на бројот на инфицирани со новиот коронавириус е многу поголем од вчерашниот кога беа регистрирани 447 луѓе.
Во Сингапур од последици од Ковид-19 досега починаа десетмина.