Во Шпанија започна голем корупциски судски процес

Од:

Во Шпанија денеска почна судски процес против околу 40 лица, осомничени за земање поткуп за склучување на договори во соработка со владејачката Народна партија, во времетраење од шест години (1999 – 2005 година).

Случајот е еден од најголемите корупциски скандали во изминатите години.

Наречен е според називот на полициската истрага „Гјуртел“, што е поврзана со името на еден од истрагата, бизнисменот Франсиско Кореа.

Меѓу обвинетите се и тројца поранешни благајници на партијата, функционери од среден ранг, како и претставници на бизнисот.

Судскиот процес почнува во момент кога лидерот на партијата Мариано Рахој се обидува до состави Влада и да стави крај на деветмесечниот политички ќор-сосак, откако dва пати се одржаа парламентарни избори, кои не резултираа со јасен победник.

Долгогодишниот партиски благајник Луис Барсенас призна пред обвинителите дека во партијата секогаш постоела шема за нелегални парични приливи и донации и дека раководството знаело за нив.

Имено, Рахој и шпанската Народна партија ги негираат тие тврдења.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски