Во Шпанија уапсена жена која го оставила бебето во одводна цевка

Од:

Бебе старо два дена е спасено од одводна цевка во станбен блок во близина на шпанскиот град Аликанте. Полицијата била алармирана од соседите кои мислеле дека во одводната цевка е заглавено некое животно.

Бебето малку потешко од два килограми било во пластична кеса на која имало дупка за да дише. Детето во одводната цевка поминало 40 часови. Тоа е одведено во болница и покрај другите повреди има и скршена рака.

Лекарите тврдат дека здравјето на бебето е сериозно нарушено, но оти не е во животна опасност.

Мајката на напуштеното бебе е уапсена. Дваесет и шестгодишната жена признала дека го ставила бебето во одводна цевка тврдејќи дека немала доволно пари за абортус.

Минатиот месец во Кина бебе беше фрлено во канализациска цевка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски