Во Шпанија разбиена мрежа за регрутирање на џихадисти за Ирак и Сирија

Од:

Мрежа за регрутирање на џихадисти за Сирија и Ирак, чиј раководител е поранешен затвореник од Гвантанама, беше разбиена денеска во Мадрид, при што беа уапсени осум лица.

Операцијата почна рано изутрината и се уште трае. До сега се извршени 12 претреси.

Според истрагата лидерот на групата претстојувал во Шпанија откако отслужил казна во американскиот воен затвор во Гвантанамо по апсењето во Авганистан во 2001 година, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи.

Мрежата регрутирала кандидати џихадисти кои ги праќала во редовите на терористички групи во Сирија и Ирак, меѓу кои и Исламската држава во Ирак и Левантот.

Шпанските власти во изминатиот период разбија неколку слични групи. Во мај во енклавата Мелиља, во северниот дел на Мароко беше разбиена мрежа која регрутирала џихадисти за Мали и Либија.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во уривањето на зграда на Мајорка

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски