Во Шпанија разбиена мрежа на шверцери на албански мигранти

Од:

Шпанската полиција денеска соопшти дека разбила голема мрежа на шверцери на албански мигранти, меѓу кои и малолетници, кои патувале кон Велика Британија во опасни услови, со траекти и трговски бродови.

Полицијата уапси седум лица, државјани на Албанија, осомничени дека припаѓаат на таа голема криминална организација, во соработка со британската Национална агенција за криминал и шпанската Цивилна гарда.

„За двајца од уапсените постои сомневање дека се водачи на групата и тие се уапсени во понеделникот додека се подготвувале да се качат на авион во Мадрид за Албанија“, се наведува во соопштението.

Мрежата, чии активности траат од 2014 година, барала од албанските мигранти од 3.000 до 15.000 евра за да ги прошверцуваат на фериботи или товарни бродови меѓу северот на Шпанија и Велика Британија, во „услови опасни по нивниот живот и физичка состојба“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја