Во Шпанија разбиенa меѓународнa мрежа за шверц на кокаин

Од:

Шпанската полиција денеска соопшти дека по двегодишна акција разбила меѓународна мрежа на шверц со кокаин, при што се уапсени 74 лица.

Меѓу уапсените 70 мажи и четири жени има државјани на Шпанија, Колумбија, Португалија, Иран и Боливија.

Во заедничката операција со американската, бразилската и француската полиција се запленети 575 килограми кокаин и се затворени пет тајни лаборатории, се додава во полициското соопштение.

Шпанската полиција наведува дека се конфискувани и 11 парчиња огнено оружје, како и 7,765 милиони долари во готовина.

Се претпоставува дека со оваа мрежа за шверц на дрога од Јужна Америка до Европа раководел „познат колумбиски нарко-дилер“, кој живеел во Бразил и е уапсен во Рио де Женеиро.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски