Членовите на шверцерската банда од Албанија која превезувала мигранти во Велика Британија преку Шпанија се уапсени, откако полицијата работела повеќе од една година на идентификување на водачот на бандата.
Се претпоставува дека мигрантите платиле од 3.000 до 15.000 евра за да бидат прокриумчарени во друга земја. Како што јави Би-би-си, седум лица се уапсени.
Службениците од Националната агенција за криминал (NCA) со седиште во Шпанија и Обединетото Кралство работеа на случајот со шпанската Guardia Civil.
Криминалната мрежа шверцувала главно албански мигранти преку северните шпански градови Билбао и Сантандер во Велика Британија, користејќи траекти и карго рути до Портсмут, Саутемптон и Ливерпул, соопшти NCA.
Властите во Обединетото Кралство и Шпанија идентификувале околу 50 луѓе кои се поврзале со шверцерската мрежа и им платиле за шверцот, но NCA соопшти дека вистинската бројка што ја користеле рутата не е позната.
Агенцијата соопшти дека мигрантите дошле директно од Албанија во Шпанија, но некои биле регрутирани од камповите околу шпанските пристаништа. Додека не биле однесени во Велика Британија, шверцерите им обезбедувале сместување и храна на мигрантите. NCA вели дека двајца мажи за кои се верува дека се водачи на банди се меѓу приведените.
Сите тие главно живееле во Албанија, но биле уапсени во Шпанија и ќе се соочат со кривично гонење пред шпанските судови. За време на рациите, истражителите заплениле телефони, компјутери, банкарски картички, сметки во готовина, лични документи и пасоши од различни националности.
Оваа година, повеќе од 33.500 луѓе го преминаа Ла Манш во Обединетото Кралство со мали чамци, што е највисока бројка досега.