Во Северна Кореја за 15 години јавно егзекутирани речиси 1.400 лица

Од:

Во последниве 15 години во Северна Кореја јавно се егзекутирани речиси 1.400 лица, со што земјата стана рекордер во непочитувањето на човековите права, се наведува во извештај на јужнокорејскиот државен Институт за национално обединување објавен денеска.

Како што јави јужнокорејската агенција Јонхан, според овие податоци, во периодот од 2000 до 2014 година во Северна Кореја јавно биле егзекутирани вкупно 1.382 лица. До ваквите податоци Институтот дошол преку разговори со лица кои побегнале од Северна Кореја во периодот меѓу 2008 и 2014 година.

Според Институтот, ваквите бројки не се најпрецизни и се претпоставува дека точната цифра на егзекутирани лица во Северна Кореја е многу поголема.

Во извештајот се наведува дека најмногу јавни егзкуции, вкупно 161, имало во 2008 години, по што во 2013-та таа бројка се намалила на 82, а лани е сведена на само пет.

– Северот тврди дека применува смртна казна во многу ограничен број случаи, но податоците покажуваат дека таа се практикува за голем број кривични дела, се додава во извештајот.

Меѓу јавно егзекутираните, според Институтот, има и лица кои гледале и дистрибуирале ДВД со јужнокорејски филмови, кои биле прошверцувани во Северна Кореја од странство.

Според невладините организации, во Северна Кореја постојат пет работни логори, во кои се сместени меѓу 80.000 и 120.000 политички затвореници. Но, Пјонгјанг ги отфрла ваквите обвинувања, тврдејќи дека работните логори се места во кои своите затвориски казни ги издржуваат криминалци.

Северна Кореја веќе подолг период во поголем број меѓународни извештаи е посочувана како една од земјите најголеми прекршители на човековите права. Властите во Пјонгјанг ги отфрлаат ваквите критики, истакнувајќи дека тие се дел од обидите на САД за уривање на власта во земјата.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он