Властите во Сенегал денеска го уапсија поранешниот диктатор на Чад, Хисен Хабре, обвинет за злосторства против човештвото.
Хабре е обвинет за воени злосторства и мачења за време на неговото осумгодишно владеење во Чад, каде групите за човекови права тврдат дека неговиот режим убил 40.000 луѓе.
Сенегал со години го одложуваше судењето на Хабре, кој живее во Дакар откако беше соборен од власт во 19990 година.
Сенегал и Африканската унија во декември потпишаа договор за формирање на суд за судење на Хабре.