Голема воена вежба наречена „Северна грмотевица“ почна во Саудиска Арабија со учество на воените сили на 20 земји, кои треба да ги координираат напорите во борбата против тероризмот.
Меѓу учесниците во вежбата, која почна вчера во северниот дел на Саудиска Арабија, се Пакистан, Малезија, Турција, Египет, Мароко, Судан, Сенегал.
Воената вежба се смета како една од најголемите во светот според бројот на единици и техниката, што се вклучени.
Цел на вежбата е воените сили да се усовршат во „борбата против нелегалните сили и терористичките групации во пресрет на растечките закани и политичката нестабилност во регионот“.
Воената вежба, во која се вклучени копнени, воздушни и поморски сили се моќен сигнал за волјата на земјите-учеснички да ја заштитат безбедноста и стабилноста на регионот, јавија саудиските медиуми.
Не е соопштено колку ќе трае воената вежба, организирана во момент, кога Саудиска Арабија спроведува се повеќе воени иницијативи во регионот. Кралството ја предводи арапската коалиција, која во март минатата година почна интервенција против шиитските бунтовници во Јемен и е дел од меѓународната коалиција, која повеќе од една година се бори притив ИД во Ирак и Сирија.