Утринава во Саудиска Арабија е погубен уште еден затвореник, со што бројот на лицата врз кои е извршена смртна казна од почетокот на годината нарасна на вкупно 72, јави Танјуг.
Хадијан ал-Кахтани беше прогласен за виновен за убиството врз Абдулах ал-Кауд, сторено со огнено оружје по нивната меѓусебна кавга, се наведува во соопштението на саудиското Министерство за внатрешни работи.
Смртната казна во Саудиска Арабија во голем број случаи се извршува со отсекување на главата со мач.
Од вкупно 72 лица кои се погубени од 1 јануари до сега во ова кралство, дури 47 биле осудени за тероризам.
Во текот на 2015 година во Саудиска Арабија беа погубени вкупно 153 лица, главно заради убиство и трговија со дрога.
Меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешенел“ наведува дека бројот на погубувања во Саудиска Арабија во 2015 година бил највисок во изминатите две децении, но и значително помал од бројот на погубувања во Кина и Иран.