Тамадер бин Јусеф ал Рама денеска е именувана за функцијата заменик министер за труд и социјален развој на Саудиска Арабија. Таа е прв а жена именувана на таква функција во историјата на земјата.
Како што претходно објави МИА, Саудијки до четврток ќе можат да се пријавуваат во војска во покраините Ријад, Мека, Ал-Касим и Медина. Саудиските жени не ќе може да служат во борбени единици, но ќе може да работат на обезбедување.
Одлуката за регрутирање е една од бројните реформи со кои се зголемуваат женските права во Саудиска Арбија.
Кралот Салман во јуни донесе декрет според кој жените ќе може да возат автомобил, а од минатиот месец дозволено им е да следат фудбалски натпревари на стадион.