Во САД се спрема вакцина против Ковид за деца под пет години

Од:

Фармецевтот„Фајзер“ и неговиот германски партнер „Бионтек“ денеска треба да побараат од Управата за храна и лекови (ФДА) да одобри употреба на нејзината вакцина против Ковид-19 за деца под пет години.

Двете компании бараат од ФДА одобрување за итна употреба за да се администрира нејзината вакцина со две дози на деца од шест месечна возраст и нагоре, иако уште во декември објавија дека вакцината не продуцирала имунолошки одговор кај децата на возраст од две до четири години, а слична на онаа за малолетниците и возрасните.

Двете компании одлучија да додадат трета доза на нивните клинички испитувања, потег што би можел да ги уназади напорите вакцината да се направи достапна за помладите Американци.

Здравствените експерти ги повикаа Фајзер и Бионтек да го поднесат барањето до ФДА за режимот со две дози додека ги чекаат резултатите од тестот што ја вклучува третата доза. Вакцината би можела да биде достапна за употреба кон крајот на февруари доколку и ФДА и Центрите за контрола и превенција на болести дадат конечно одобрение за итни случаи.

Во меѓувреме, друга фармацевтска компанија со седиште во САД, Новавакс, во понеделникот објави дека поднела барање до ФДА за одобрување на нејзината долго одложена вакцина против Ковид-19 за итна употреба.

Вакцината со две дози е развиена со конвенционален метод кој користи протеини за да го научи имунолошкиот систем на телото како да го препознае и блокира коронавирусот, слична на руската Спутник. Клиничките испитувања открија дека вакцината била околу 90 отсто ефикасна во обезбедувањето доволно имунитет за заштита од почетната верзија на болеста и нејзините варијанти. Експертите велат дека технологијата би можела да се прифати од лицата кои се двоумат дали да бидат инокулирани со вакцини развиени од Фајзер или Модерна со понапредна технологија на РНК.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас