Во САД прогласена тридневна жалост поради смртта на двајца полицајци од Капитол

Од:

Претседателот Доналд Трамп синоќа нареди да се симнат знамињата на половина копје низ САД во чест на полицајците Брајан Сикник и Хауард Либенгуд, кои беа на служба во средата кога разулавената толпа негови поддржувачи упадна во американскиот Конгрес.

Сикник беше повреден за време на упадот и утредента подлегна на повредите. Либенгуд, пак, починал додека не бил на работа. Полицијата на Капитол хил вчера не даде дополнителни информации околу причината за неговата смрт.

Знамињата на половина копје ќе бидат спуштени како пред Белата куќа, така и пред сите државни објекти, воени установи и пристаништа, и на сите воени пловила на сојузната влада и на округот Колумбија, како и низ САД и нивните територии, до 13 јануари 2021 година, соопшти синоќа Белата куќа.

„Како знак за почит кон нивната служба и дадената жртва на службениците на полицијата на Капитол, Брајан Сикник и Хауард Либенгуд, и сите полицајци на Капитол и служби за безбедност низ целата голема нација, со законскиот авторитет што го имам како претседател на САД, со ова наредувам знамето на САД во Белата куќа да се спушти на половина копје“, се наведува во соопштението.

Двајцата полицајци вршеле службена должност во средата, во часовите кога толпа од стотици поддржувачи на Трамп прво ги урна полициските барикади, ги скрши прозорите и вратите на Капитолот, и упадна во објекот на американскиот Конгрес. Притоа имаше и три цивилни жртви.

Овој упад беше вовед во евакуација на членовите на Преставничкиот дом и Сенатот, кои во тој момент заседаваа во одделни сесии за потврдување на резултатите од гласањето на изборниот колеџ кој во декември ја сертифицираше победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори лани во ноември.

Смртта на првиот полицаец настапи во четвртокот. Иако Конгресот одлучи да го спушти знамето на половина копје уште тогаш, Белата куќа дури вчера објави ден жалост.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД