Во САД осудени четири лица за учество во камп за обука на „Аш Шабаб“

Од:

Суд во американската држава Минесота донесе пресуди за четири лица поради учество во камп за обука на терористичката сомалиска група „Аш Шабаб“.

Четворицата осудени се по потекло од Сомалија. Двајца од нив заминале во Сомалија во 2007 година и поминале околу една недела во камп за обука на „Аш Шабаб“. Кога разбрале какви се целите на групата, пронашле начин како да заминат од кампот.

Во 2009 година тие признаа дека се виновни во врска со обвинението дека давале материјална помош на терористичка група.

На тројца од обвинетите им се заканувала затворска казна до 15 години, но обвинителството побара пресуди од шест до седум години, поради тоа што соработувале за време на истрагата. Судот донесе одлука за затворска казна од по три години. Пресуда од 12 години затвор доби Омер Абди Мохамед, кој судот го оцени како главен за регрутирање борци за „Аш Шабаб“ во САД.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас