Во Рим во јануари состанок на анти-ИД коалицијата

Од:

Во текот на јануари во Рим ќе се одржи состанок на земјите ангажиани во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД). која го контролира големи региони во Сирија и Ирак и се шири во Либија, соопшти денеска италијанскиот министер за надворешни работи, Паоло Џентилони.

– За стратегијата за справување со ИД ќе се разговара на повеќе средби, од кои една ќе се оддржи во Рим за месец и половина во рамките на состанокот на антиџихадистичката коалција, изјави Џентилони на прес-конференција во Рим.

Италијанскиот премиер Матео Ренци вчера изјави дека неговата земја нема намера да се приклучи кон воздушните напади на антиџихадистичката коалиција, предводена од САД, во Сирија, оценувајќи дека Италија само сака да придонесе за средување на хаосот што владее во регионот.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага