Во престрелка со белгиската полиција загина осомничен терорист

Од:

Осомничен терорист од алжирско потекло загина вчера попладне во престрелка со белгиската полиција, соопштија локалните медиуми.

Идентитетот на загинатиот засега не се соопштува, но веќе е извесно дека тој бил осомничен за учество во тежок криминал.

Во неговиот дом, во еден од имигрантските квартови во Брисел, биле пронајдени експлозиви и оружје.

Мажот, на 39-годишна возраст, вчера требало да биде уапсен по наредбе на обвинителството. Полицијата го следила неговото движење по автопатот, што водел од Турне кон Брисел. И покрај тоа што бил замолен да застане, криминалецот, осомничен за соучесништво во вооружен грабеж, изведен пред една недела во белгиската престолнина, не послушал туку го завртел автомобилот во спротивната насока на движење, при што тој и припукал кон униформираните полицајци.

Во престрелката што следела тој се здобиле со смртоносни рани.

Во престрелката нема настрадани полицајци.

Автомобилот, управуван од загинатиот, бил со регистрација од Франција.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски