Во пожар во Лахоре загинаа 10 лица, меѓу кои шест деца

Од:

Во пожарот што рано утринава зафати куќа во градот Лахоре во источен Пакистан загинаа 10 лица, меѓу кои шест деца, соопшти полицијата.

Две жени, двајца мажи и шест деца на возраст меѓу шест и 16 години ги загубија животите, изјави заменик генералниот инспектор на полицијата во Лахоре, Али Наси, пренесува Асошиејтед прес.

Тој рече дека причината сè уште не е утврдена, но полициските иследници се сомневаат дека краток спој го предизвикал пожарот во преполната станбена зона Бати Гејт.

Во изјавата, премиерот Шехбаз Шариф изрази длабока тага поради загубата на животи.

Детекторите за чад и другите технологии кои можат да ја подобрат безбедноста од пожари во станбените згради не се користат вообичаено во Пакистан, а пожарите во домовите и другите јавни простори, како што се трговските центри, се вообичаени.

Би можело да ве интересира

Маж од Буенос Аирес усмрти три жени, четвртата се бори за живот

Во Белград: Две лица се избодени со нож, жена е повредена во пожар

Се запали локомотива во Гевгелија

Пожар во Дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“