Во пожар во Камбоџа загинаа 8 лица од кои четири деца

Од:

Осум луѓе, од кои четири деца загигинаа утрово во пожар што изби на пазар во туристички град Сеим Реап, соопшти полицијата на Камбоџа.

Децата на возраст од девет до 14 години спиеле заедно со нивните семејства на катот од зградата каде се наоѓа пазарот.

Во пожарот две лица се повредени, а уништени се повеќе од сто тезги, на кои се продавало сувенири. Се претпоставува дека причина за огнот е дефект на електричната инсталација.

Сием Реап се наоаѓа во близина на еден од најзначајните локалитети во Југоисточна Азија – древниот храм Анкор, кој е под заштита на УНЕСКО. Овој национален парк годишно го посетуваат околу два милиони странски туристи.

Би можело да ве интересира

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Предраг Петровиќ

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Катерина Ѓуровски

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница