Во Португалија избија нови пожари, ги гаснат околу две илјади пожарникари

Од:

Во централна Португалија, која минатиот месец беше погодена од катастрофални пожари, денеска избија нови шумски пожари, кои ги гаснат околу две илјади пожарникари.

Најголемиот пожар е во близина на градот Серте, а според извештаите на португалската тепевизија во напорите за гаснење се вклучија и локалните жители, кои за таа цел употребија градинарски црева.

– Ветерот силно дува и ја отежнува борбата против пожарите, кои би можеле да се прошират, изјави портпаролката на Цивилната заштита, Патрициа Гаспар, која ги повика жителите да останат мирни.

Повеќе од 800 пожарникари се распоредени ширум областа Серта, додека речиси 600 други се обидуваат да се изборат со огнената стихија, која изби вчера во близина на градот на брегот на реката Коимбре.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски