Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Од:

Шеесет и шестгодишен маж уби три лица, а потоа се самоуби поради расправија за одгледување тркачки гулаби во Португалија.

Престрелката се случила вчера во градот Сетубал, на околу 50 километри јужно од главниот град Лисабон, јавува Би-Би-Си.

Локалните медиуми објавија дека група мажи се скарале поради одгледување домашни гулаби и нелегална зеленчукова градина.

Жртвите наводно учествувале на натпревар со гулаби кога мажот пукал во нив, а потоа се самоубил.

Полицискиот комесар во Сетубал, Андреја Гонсалвес, ја опиша смртта како „изолиран случај“ поврзан со несогласувањата меѓу група мажи.

Извор од судството за сајтот „Публико“ вели дека причина за недоразбирањето се несогласувањата околу одгледувањето гулаби.

Идентитетот на осомничениот и на жртвите се уште не е соопштен, а истрагата на полицијата е во тек.

Напаѓачот наводно живеел во шатор во Сетубал.

Португалија има строги закони за оружје, но огненото оружје е легално за лов.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

ВИДЕО: Силни турбуленции, повредени 10 патници-снимка на летот над Лисабон

Предраг Петровиќ