Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Од:

Земјотресот со јачина од 5,2 степени во близина на брегот на Португалија беше почувствуван и во Мароко и Шпанија

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди морската област во близина на Португалија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од девет километри под површината на морето.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 6:11 часот по средноевропско време, бил на 79 километри југозападно од градот Сетубал, кој има околу 120.000 жители.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Берово и околината

Нов земјотрес во Скопје

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Земјотрес го затресе Скопје

Предраг Петровиќ

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

По петте земјотреси за 10 минути, на Халкидики и шести земјотрес