Во пораст невработеноста меѓу младите во светот

Од:

„Миграциите на младите: Поттик на развојот“ е мотото под кое оваа година беше одбележан 12 август – Денот на младите, а целта е да се разбуди свеста на младите и тие поактивно да е вклучат во светските општествени текови.


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун преку соопштение ја нагласи важноста на улогата на младите мигранти и нивното позитивно влијание врз општеството.


Нагласувајќи ја важната улога на младите во поддршката на семејствата и националниот економски развој во целина, Бан ги повика сите членки на ОН дополнително да ги разгледаат потенцијалите на младите мигранти за поттик на развојот на националните економии.


Советникот на генералниот секретар на ОН за прашањата за младите Ахмед Алхендави изјави дека негова цел е со неговата работа институциите на ОН да ги приближи до младите и во тие институции да се слушне гласот на младите.


Најголемиот проблем на младите луѓе во светот претставува невработеноста. Според податоците на Светската организација на труд (ИЛО) 73 милиони млади во светот се невработени.


Според последните извештаи на Фондот на ОН за помош на децата (УНИЦЕФ) статус на мигранти во моментов имаат 214 милиони луѓе во светот, а една десетина од таа бројка ја сочинуваат младите на возраст од десет до 24 години. Повеќе од 21.400.000 млади од ова категорија мигрирале минатата година, а тие претежно живеат во неразвиените земји.


Податоците на Фондот на ОН за популаија (УНФПА) укажуваат на фактот дека три отсто од светската популација не живее во родната земја. Се претпоставува дека во светот живеат 1,2 милијарди млади луѓе.

Би можело да ве интересира

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски

Секое второ 15-годишно девојче во Mакедонија е тажно и се чувствува безнадежно, секое трето е осамено – анализа на СЗО

Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите

Млади инвоатори ќе ја претставуваат Македонија на глобалниот младински предизвик Generation unlimited – Технологија за планетата 2022

Ковачевски: Со младите креираме политики за развој на државата

А1он