Во Полска започнаа воените вежби „Драгон-17“

Од:

Со церемонија во полскиот град Зегже денеска започнаа големите воени вежби „Драгон-17, на кои ќе учествуваат околу 3.500 илјади парчиња воена техника и 17.000 војници.

Прес-службата на Генералштабот на полските Вооружени сили соопшти дека на вежбите, освен полски, ќе учествуваат и војници од САД, Велика Британија, Летонија, Литванија, Германија, Словачка, Италија, Бугарија, Романија, Грузија и Украина.

Главната фаза на вежбите ќе се одвива од 25 до 29 септември на полигинот Дравскија во западниот дел на Полска, кога ќе се симулира преместување на тенкови на големо растојание, како и извршување на тактичко слетување од хеликоптери.

Полскиот заменик-министерот за одбрана Михаил Дворчик соопшти дека целта на вежбите е „координација на командата на полските и сојузничките војски“.

Тој посочи дека, сценариото на вежбите предвидува една од соседните држави да посегне по користење на суровини на територијата на Полска, обидувајќи се да ја дестабилизира политичката ситуација и да заземе спорна територија со помош на хибридна војна.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина