Во почетокот на март Ренци во посета на Русија

Од:

Италијанскиот премиер Матео Ренци ќе ја посети Русија во почетокот на март на средба со претседателот Владимир Путин.

Ренци изјави дека основната цел на посетата е да лобира за поголема улога на ОН за смирување на ситуацијата во Либија.

Русија е постојан член на Советот за безбедност на светската организација, на помена италијанскиот претседател во интервју за РАИ.

Ренци додаде дека сака да ја пренесе следната порака: Ако Русија се врати на масата на меѓународната заедница сите ќе бидеме помирни. За да се случи тоа јасно е дека Путин треба да излезе од Украина, нагласи тој. Ренци имаше интервју по повод една година од стапувањето на функција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески