Полицијата за борба против дрогата во Перу во четвртокот објави дека запленила 58 килограми кокаин, подготвен да биде испратен во Белгија од пристаниште на северот на земјата, спакуван во пакети со нацистичко знаме. Кокаинот бил дистрибуиран во педесетина пакувања, на чиј врв пишувало „Хитлер“.
Минатата година беа запленети околу 22 тони кокаин
Товарот бил откриен во контејнер на брод под либериско знаме на пристанишниот терминал во Паита. Не се пријавени апсења. Тоа е првпат полицијата за борба против дрогата да објави дека запленила пратка кокаин со симболите на нацистичка Германија.
Перу е меѓу трите најголеми земји за производство на кокаин во светот, заедно со Боливија и Колумбија, а властите го проценуваат неговото производство на 400 тони годишно. Во 2022 година беа запленети околу 22 тони.