Во Перу запленети рекордни шест тони кокаин

Од:

Перуанската полиција соопшти денеска дека во пратката со кокаин пронајдена во пристаништето Трукиља во северниот дел на земјата се наоѓаат нешто повеќе од шест тони од таа дрога, што е рекордна заплена во Перу од почетокот на годината.

– Досега измеривме околу 85 отсто од пратката, односно нешто повеќе од шест тони кокаин, изјави шефот на Одделението на полицијата за борба против дрога Висенте Ромеро.

Тој истакна дека дрогата е пронајдена во пратка со јаглен наменета за Белгија и Шпанија, а во операцијата се уапсени двајца Мексиканци и седуммина Перуанци, членови на еден мексикански картел.

Дрогата е пронајдена во една куќа во предградие на Трикуља по шестнеделната операција на следење и прислушувања, организирана во соработка со американската Управа за борба против дрога.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните