Во Париз уапсен братот на поранешниот претседател на Буркина Фасо

Од:

Братот на соборениот претседател на Буркина Фасо, Блез Компаоре, Франсоа Компаоре, денеска е уапсен во Париз поради убиство на новинар во 1998 година.

Франсоа Компаоре (63) е уапсен на аеродромот „Шарл де Гол“ откако долетал од главниот град на Брегот на Слоновата Коска, Абиџан. Него го гонат властите на Буркина Фасо поради убиство на новинарот Норберт Зонго и тројца негови соработници, чии јагленисани тела беа пронајдени во запален автомобил во јужниот дел од земјата во 1998 година.

Семејството на убиениот новинар со години го обвинува Франсоа Компаоре, кој беше советник на соборениот претседател, дека е вмешан во убиството.

Новата Влада на Буркина Фасо летово издаде меѓународна потерница за Компаоре врз основа на обвинението за „поттикнување на убиство“.

Француската полиција сега има 48 часа да го испита Компаоре, пред да го предаде на обвинител и евентуално да биде екстрадиран во Буркина Фасо.

Франсоа Компаоре е еден од најпрезрените личности во режимот на Блез Компаоре, кој е соборен во народното востание во 2014 година откако се обиде да го смени Уставот со цел да го продолжи својата 27-годишно владеење.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски