Во Париз биле склучени 1.331 хомосексуални бракови

Од:

Во Париз биле склучени вкупно 1.331 хомосексуални бракови, односно 13,48 отсто од сите бракови, според податоците од матичната служба на градот, јави дописникот на МИА од Париз.

По стапувањето во сила законот за „брак за сите“ во мај 2013 година, во Париз склучиле брак 2.365 хомосексуални парови од двата пола, односно 14,14 отсто од сите бракови. Од мај 2013 година во француската престолнина оваа законска можност да стапат во брак со лице од ист пол ја искористиле вкупно 4730 лица.

Кога ќе се направи споредба со податоците на национално ниво до Националниот институт за стаистички и економски студии, се гледа дека хомосексуалните бракови претставуваат три отсто од сите склучени бракови на територијата на цела Франција во 2013 година, односно 7.000 бракови од вкупни 238.000 бракови.

Хомосексуалците во Париз најчесто (дури 72,22%) стапуваа во брак во арондисманите во кои градоначалникот и општинското мнозинство е во рацете на левицата. Најмногу од браковите биле склучени во 4-от арондсиман дури 32,2 отсто од браковите. Најнизок број на склучени хомосексуални бракови е во арондисманот во кој живеат богатите и конзервативците, само 6,2 отсто.

Според општинските власти на Париз, просечно се склучуваат околу стотина хомосекуални бракови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on