Во Палермо уапсени 20 мафијаши, ги пријавиле бизнисмени што ги рекетирале

Од:

Италијанската полиција постигна голем успех откако во Палермо уапси повеќе од 20 припадници на мафијашката организација „Коза ностра“, почнувајќи од шефови до ситни крадци и извршители на илегални работи.

Уапсените се обвинети за изнудување, убиства, криминално здружување, продавање дрога, кражби и слично.

Акцијата е спроведена откако сопственици на одреден број продавници во Палермо се пожалиле и ги пријавиле мафијашите во полиција, бидејќи не можеле повеќе да издржат да ја плаќаат принудната „заштита“ на мафијашката фамилија на Анџело Монти.

Шефот Монти бил в затвор последните три години, исто така поради мафијашко делување, но по излегувањето ја преземал старата улога на „бос“ и продолжил со криминалната работа.

Мафијата во квартот Борго Векио не ја контролирала само комерцијалната дејност, туку и организација и принудно собирање пари за религиозни манифестации и музички концерти. Рим, 13 октомври 2020 (МИА) – Италијанската полиција постигна голем успех откако во Палермо уапси повеќе од 20 припадници на мафијашката организација „Коза ностра“, почнувајќи од шефови до ситни крадци и вршители на илегални работи, пишува дневниот весник „Хафингтон Пост“.

Уапсените се обвинети за изнудување, убиства, криминално здружување, продавање дрога, кражби и слично.

Акцијата е спроведена откако сопственици на одреден број продавници во Палермо се пожалиле и ги пријавиле мафијашите во полиција, бидејќи не можеле повеќе да издржат да ја плаќаат принудната „заштита“ на мафијашката фамилија на Анџело Монти.

Шефот Монти бил в затвор последните три години, исто така поради мафијашко делување, но по излегувањето ја преземал старата улога на „бос“ и продолжил со криминалната работа.

Мафијата во квартот Борго Векио не ја контролирала само комерцијалната дејност, туку и организација и принудно собирање пари за религиозни манифестации и музички концерти.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен