Во новогодишната ноќ во Франција опожарени 940 автомобили

Од:

Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека во текот на новогодишната ноќ во земјата биле опожарени 940 автомобили, јави дописникот на МИА од Париз.

Според Министерството во ноќта меѓу 2014 и 2015 година биле опожарени 12 отсто помалку автомобили во споредба со ланската новогодишна ноќ.

Во текот на ноќта биле уапсени 308 лица, додека за споредба во 2013 биле уапсени 322 лица, од нив на 251 лице им била изречена мерка притвор, додека во 2013 биле притворени 221 лице.

Прославата на новогодишната ноќ во Франција минала и со еден смртен случај во Париз, каде при тепачка со нож бил убиен едан 17-годишник. Осомничениот за убиството е уапсен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on