Во Њујорк регистрирани случаи на гласање во име на починати лица

Од:

Случаи на гласање во име на починати лица се регистрирани во Њујорк, објави Њујорк дејли њуз.

Според весникот, Изборниот совет добил гласачко ливче порано испратено од име на жена гласач родена во 1915 година, која живеела во областа на островот Стетн Ајленд и починала во 2012 година.

Друго гласачко ливче во предвремено гласање е испратено во име на жена , родена во 1919 година, која живеела во Бруклин.

Според весникот, двете гласачки ливчиња добиени од Изборниот совет првично биле признати за валидни.

„Сметаме дека ова е само врв на ледениот брег“, изјави за весникот лидерот на Републиканската партија во Стејтн Ајленд. На крајот на септември, градскиот Изборен совет беше принуден да препечати и да испрати на гласачите околу 100.000 гласачки ливчиња што содржеа грешки во имињата и адресите на гласачите, бидејќи неправилно пополнетите гласачки ливчиња може да се сметаат за неважечки за време на пребројувањето.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска