Во невремето во Кина најмалку 69 загинати

Од:

Во невремето што ја погоди Кина во изминатите седум дена, во поплавите и лизгањето на земјиштети загинаа најмалку 69 лица, јавија денеска кинеските медиуми.

Поплавите во западната провинција Сечуан беа најтешки во последните 50 години за некои подрачја, така што над 100.000 лица беа принудени да се евакуираат.

Во Сечуан загинаа 26 лица во огромниот налет и кал во градот Дуџиангџан, а вкупно 31 во разни инциденти во невремето. Во северозападната провинција Шанси, во лизгање или уривање на куќи, животот го изгубија 23 лица.

Обилните дождови во Сечуан загрозија околу 1,45 милиони жители, а планинските предели во тој дел на Кина се многу наклонети кон одрони.

Би можело да ве интересира

Мислела дека е чекан: Со рачна граната 20 години кршела ореви и ковала клинци

Предраг Петровиќ

Кина: Поранешни министри исклучени од Комунистичката партија поради мито и корупција

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Силен земјотрес ја погоди Кина

НАТО и се закани на Кина

Најмалку четири лица се исчезнати во поплавите во Кина