Во нападот во Брисел загинале двајца туристи од Тел Авив и соработник на Еврејскиот музеј

Од:

Во нападот врз Еврејскиот музеј во Брисел вчера загинале двајца туристи од Тел Авив и соработник на музејот, а доброволка на културната институција била тешко ранета, тоа се последните информации за случајот, објавени од белгиското МВР.

Се наведува дека приведениот синоќа е еден од двајцата мажи кои учествувале во нападот, но статусот му е променет од осомничен во сведок. Засега не е познато дали е утврден идентитетот на напаѓачот, кој успеал да побегне.

Белгиските медиуми даваат различни верзии за околностите за инцидентот, но сите се едногласни дека нападот е извршен со автомобил. Откако автомобилот запрел пред музејот, напаѓачот влегол внатре и отворил оган.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски