Во Нанси осудени 26 Роми на казна затвор поради принуда на нивните деца да крадат и питачат

Од:

Судот од Нанси ослободи само еден од 27 Роми од Хрватска кои беа обвинети дека ги принудувале нивните деца да крадат и питачат, јави дописникот на МИА од Париз.

Обвинението беше тешко за 27-те припадници на еден ист ромски клан од Хрватска, поточно три семејства, кои живееа на истокот од Франција. Тие беа обвинети за организирање во криминална група со цел да се изврши грабеж или намера за грабеж, како и за присилување на нивните деца на возраст од десетина години да вршат серија на кражби.

Дел од обвинетите се товареа и за трговија со луѓе, бидејќи истрагата, што траеше две години, покажала дека постоеле „трансакции“ меѓу семејствата односно „позајмување“ на деца за околу 100.000 евра.

Судењето траеше петнаесет дена и се одржа во екот на полемиката во рамките на француската Влада и воопшто во Франција за волјата на Ромите од Источна Европа да се интегрираат во Франција. Обвинителот побара десет години казна затвор за обвинетите односно максималната казна.

Четири лица добија две години условна казна затвор, 21 лице доби забрана за престој на територијата на регионот Алзас и Лорен, едно лице забрана за престој на целтата територија на Франција, додека четири лица добија по осум години казна затвор. Едно од лицата беше осудено поради трговија со луѓе.

Шефицата на криминалната група, 66-годишна Ромка од Славонски Брод, која беше уапсена веднаш по приемот на Хрватска во ЕУ, ќе биде судена подоцна.

Според проценките на истражните органи, од кражбите и питачењето криминалната група заработила околу три милиони евра.

 

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска