Во Монголија потврдени два случаи на чума

Од:

Во западниот дел на Монголија во изминатите 24 часа регистрирани се два случаи на чума.

Болеста се појавила во провинцијата Ховд, а еден од пациентите има белодробна форма на болеста и е во тешка здравствена состојба.

Поради појавата на чума воведен е карантин во провинцијата.

Локалната епидемиолошка епидемиолошка служба почна да испитува други случаи на чума.

Во април 2019 година брачна двојка почина од чума во западната монголска провинција Бајан-Улги откако јадеше сурово месо од мрмот.

Чумата е бактериско заболување, што го пренесуваат болвите, кои живеат на глодарите, како што се мрмотите. Според Светска здравствена организација болеста може да убие возрасно лице за помалку од 24 часа, ако не се лекува навреме.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин пристигна во држава која има обврска да го уапси

(ВИДЕО) Експлодира цистерна со гас во Монголија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Илјадници Руси чекаат повеќе од 16 часа за влез во Монголија

А1он

Силен земјотрес на границата меѓу Монголија и Русија

Ана Ололовска

Момче во Монголија почина од чума, која му ја пренел заразен мрмот

Ана Ололовска

Прв случај на коронавирус во Монголија

Ана Ололовска