Во монголскиот главен град Улан Батор ќе биде изграден споменик на Кирилицата, јави БТА.
Предвидено е споменикот да биде во форма на факел висок три метри, од кој како искри ќе излегуваат кирилични букви.
Изградбата на споменикот ќе почне на 20 април, а планирано е тој да биде откриен на 24 мај, на Денот на браќата Свети Кирил и Методиј.
Идејата за изградба на споменикот, кој ќе биде подарок од Бугарија, потекнува од Редот на витезите темплари.
Службениот монголски јазик го користи кириличното писмо.